Back to Search Start Over

Примена на социјалните медиуми

Authors :
Petrevska, Biljana
Publication Year :
2015
Publisher :
Centre for Culture and Cultural Studies, 2015.

Abstract

Овој труд го истражува односот на младата популација во Македонија кон социјалните медиуми. Подетално, истражувањето проучува како младите го перципираат Интернетот, и дали користат електронски социјални мрежи во споделувањето искуства. И во двата случаи, поле на истражување е туризмот и патувањето. Оттука, целта на трудот е да дефинира туристички профил на младата популација во Македонија, и истовремено да го определи степенот на користење на електронските алатки. За тие потреби, спроведено е испитување на мислењето на 520 студенти како претставници на младата популација. Емпириското истражување ги потврдува поставените хипотези и укажува на огромното значење на социјалните медиуми во туристичката промоција на земјата. Воедно, трудот препорачува користење на Интернетот и другите електронски алатки во зголемувањето на свеста за Македонија како туристичка дестинација. Дополнително, овој труд ја поттикнува потребата за идентификување ефективна рамка за справување со досегашните скромни туристички резултати, притоа делувајќи како основа за иницирање предлози за подобрување, во прв ред на електронската туристичка промоција на Македонија.

Subjects

Subjects :
Media and communications

Details

Database :
OpenAIRE
Accession number :
edsair.od......2788..e020b4e631fd894a513abc1fb7ca6e06