Back to Search Start Over

Античката патна комуникација Астибо – Шишманово Кале

Authors :
Nacev, Trajce
Veselinov, Dragan
Hadzi-Angelov, Veselin
Publication Year :
2017

Abstract

Во овој научен труд ќе ја презентираме патната комуникација која ги поврзува овие два антички центри од Македонија и Тракија, преку досега откриените антички утврдувања кои воедно и ја штителе оваа патна комуникација. На територијата на Македонија патната комуникација се до Строшен мост (Делчево), поминува по трасата на дијагоналниот пат Хераклеја – Пауталија – Сердика. Од оваа локација, дијаголниот пат, поминува преку Драмче, Киселица и преку преминот кај Црн Камен, продолжува кон Пауталија. Патниот правец кон Шишманово Кале – Самоков се издвојува и преку Делчево, продолжува кон селото Град, од каде преку преминот Град на Осогово се спушта кон Благоевград.

Subjects

Subjects :
History and archaeology

Details

Database :
OpenAIRE
Accession number :
edsair.od......2788..d940a84b0f5c55c3cb1ed7882de04c47