Back to Search Start Over

Системи за препораки во туризмот на локално ниво

Authors :
Koceska, Natasa
Petrevska, Biljana
Koceski, Saso
Publication Year :
2013
Publisher :
Еднотера - Скопје, 2013.

Abstract

Оваа студија има за цел да ја презентира и елаборира потребата од воведување персонализиран систем за препораки на туристички објекти на локално ниво. Поконкретно, анализиран е случајот на Охрид како конкретен пример за апликативна примена на софтверот кој дава препораки за посета на објекти, знаменитости и настани кои делуваат во насока на развој на културниот туризам. За да се постигне таа цел, методолошки студијата е структурирана во неколку дела. По првиот воведен дел, следуваат: вториот дел кој ги појаснува генералните концепции поврзани со културниот туризам и е-туризмот; третиот дел ги посочува предусловите за развој на културниот туризам во Охрид, како и тековната понуда поставена преку веб портали; четвртиот дел ја елаборира неопходноста од развивање и воведување системи за препораки на културниот туризам на локално ниво, притоа давајќи и генерален опис на системите за генерирање препораки, опишувајќи го самиот процес на генерирање препораки, како и осврнувајќи се на тековните научни истражувања во областа; петтиот дел дава опис на иновативниот алгоритам за генеирање препораки предложен во оваа студија; шестиот дел го опишува веб базираниот информациски систем кој се темели на развиениот алгоритам; седмиот дел ги презентира резултатите од експерименталната евалуација на системот применет на Охридскиот регион. Главните заклучоци и идните насоки за подобрување и унапредување на оваа проблематика се евидентирани во осмиот дел. Генерално, придонесот на овој труд лежи во фактот дека ја збогатува стручната литература во оваа научна област. Истовремено, трудот добива на дополнително значење бидејќи елаборира конкретен пример од Македонија т.е. нуди развиен софтверски модул за промоција на културниот туризам во Охрид. Искрено веруваме во можноста оваа студија да им биде од полза на сите оние кои на било кој начин имаат допирна точка со туризмот. Доколку пак, читателите се од редовите на студентите, тогаш книгата, во форма на дополнителна литература, би можела да им ги доближи многубројните прашања со кои се сретнале во основната литература, но овој пат применети на конкретен случај на локално ниво.

Subjects

Subjects :
Computer and information sciences

Details

Database :
OpenAIRE
Accession number :
edsair.od......2788..ad4a9a85ec126496d82d43437abfe8e5