Back to Search
Start Over
Девизен систем и девизно работење
- Publication Year :
- 2011
- Publisher :
- Универзитет "Гоце Делчев" Штип, 2011.
-
Abstract
- Девизниот систем е збир на законски прописи со кои се регулира, ограничува или забранува прометот на стоки и услуги со странство, стекнувањето и располагањето со девизи, како и на сите плаќања и наплатувања со странство. Станува збор за прописи, инструменти и мерки со чија помош државата ги регулира меѓународните плаќања, со намера да избегне ситуации на несолвентност на земјата, а притоа да обезбеди рационално вклучување на националното стопанство во меѓународната поделба на трудот, како основа за остварување на задоволителен одржлив развој. Не е проблем со примена на некои од споменатите мерки да се обезбеди уредно плаќање на обврските спрема странство. Меѓутоа, проблем е ако таквата цел се остварува само со ограничувања и забрани на увозот на стоки и услуги, со ограничувања и забрани за задолжување од странство, како и со ограничувања на определени плаќања спрема странство. На тој начин целта ќе се оствари, меѓутоа, нема сомнение дека ќе се ограничат развојните потенцијали на националното стопанство што зависат од увозот, од можноста за задолжување спрема странство
- Subjects :
- Economics and business
Subjects
Details
- Database :
- OpenAIRE
- Accession number :
- edsair.od......2788..a8f6c6677d9bb3de9160695d57cb386b