Back to Search Start Over

Ортодонтски третман и влијанието на букалните коридори врз атрактивноста на насмевката

Authors :
Atanasova, Sandra
Dzipunova, Biljana
Carceva-Salja, Sofija
Publication Year :
2022

Abstract

Естетските вредности денес се разликуваат од оние што биле стандард до пред неколку децении. Лицевата естетика еволуира од едноставна микроестетика на забите постигната со ортодонтски третман до макро естетика на лицето како и начинот на кој забите влијаат на лицевите пропорции. Овие пропорции се оценуваат како перцепции за лицева убавина. Естетската перцепција е променлив фактор и зависи од поединецот и е под големо влијание од неговото лично искуство и социјалното опкружување, тоа е една од причините зошто професионалното мислење за евалуација на лицевата естетика не може секогаш да се совпаѓа со перцепцијата и очекување на пациенти или општата популација. Естетска и атрактивна насмевка е една од најважните компоненти коja влијаe на целокупната лицева естетика. При ортодонтски третман покрај основните карактеристики на насмевка, големината, обликот и бојата на забите, фактори кои придонесуваат за добивање на една атрактивна насмевка се однесуваат на карактеристиките на гингивата (боја, контура, текстура, гингивална видливост), присуство на smile arc, видливост на забите како и просторот на букалните коридори. Маргарет Волф Хангерфорд славно изјавила „Убавината е во окото на гледачот“, естетската перцепција е субјективна. Целта на овој труд е да се образложат букалните коридори како една од осумте главни компоненти на насмевката и да се елаборира нивното влијание врз ортодонтската дијагноза и планирање на третман. Во литературата постојат многу обиди за проучување на влијанието на ортодонтскиот третман врз лицевата естетика особено естетиката на насмевката. Постојат различни начини според кој информациите се собираат, анализираат и објавуваат. Пребарувањето за селекција на трудови е направено во базата на податоци на PubMed, преку предтходно дефинирана стратегија и се опфатени трудови од 1958 до 2022 година. Користени се помошни алатки односно селекција на трудови во последните 5 години, кои го опишуваат влијанието на ортодонтскиот третман врз лицевата естетика и атрактивноста на насмевката како и перцепција на насмевката од различен панел (ортодонти, стоматолози, општа популација). Минималниот простор на букалните коридори може да се смета како една од преферираните естетски карактеристики, оние лица со големи букални коридори може да се сметаат како субјекти за ортодонтски третман од естетски аспект. Клучни зборови: атрактивност, букални коридори, насмевка, ортодонтски третман, перцепција...

Subjects

Subjects :
Other medical sciences

Details

Language :
English
Database :
OpenAIRE
Accession number :
edsair.od......2788..50cf049f8a6ab29ad8436ab02b4aac2b