Back to Search Start Over

Поврзаност помеѓу присуство на lactobacillus во плунка и дентален кариес кај деца со трајна дентиција

Authors :
Naskova, Sanja
Dimova, Cena
Zlatanovska, Katerina
Publication Year :
2019
Publisher :
Institute of Knowledge Management, 2019.

Abstract

Без разлика на напредокот во науката и техниката сепак денталниот кариес сеуште останува постојан и голем здравствен проблем низ целиот свет и ги опфаќа сите популациони групи и возрасти, а особено децата кај кои се јавува се почесто. Како етиолошките фактори за неговата појава се многубројни повеќе од нив потврдени но сепак голем број до крај сеуште остануваат предмет на истражувања. Целта на овој труд е да се испита дали постои значајна инверзна врска помеѓу интензитетот на денталниот кариес кариес и бактериските соеви на Lactobacillus. Лактобацилите биле првите микроорганизми кои биле поврзани и споменати како причинители за дентален кариес. Бројни автори посочиле дека бројот на лактобацилите во плунката е подобар критериум од онаа на Streptococcus mutans иако тој се смета дека е во тесна корелација со појава на кариес. За реализација на поставените цел опсервирани се деца по случаен избор од основните училишта во градот Штип. Во истражувањето се вклучени 71 дете (26 од женски и 45 од машки пол) на возраст од 12 години. Возрасната група од 12 години ја избравме по препораките на СЗО кој ја препорачува таа возраст за глобален мониторинг за забниот кариес и се однесува само на деца со постојана дентиција. Испитаниците беа поделени во две групи: контролна група-31 испитаник без кариес, пломби и екстракции (КЕП=0) и експериментална група-40 испитаника со кариес, пломби и екстракции на забите. Во истражувањето го користевме општо прифатениот индекс на присуство или отсуство на кариозен процес Klein – Palmer – ов индекс, кој се означува како DMFТ. Според добиените податоци од клиничкиот преглед, го одредувавме интензитетот (присуството/отсуството) на денталниот кариес (WHO, Geneve, 1997). Лактобацилите во плунката ги одредувавме со дијагностички тест CRT-bacteria (Vivadent, Schaan, Lihtenstein). Помеѓу присуството на Lactobacillus во плунката и присуството на денталниот кариес постои значајна поврзаност (p

Subjects

Subjects :
Other medical sciences

Details

Database :
OpenAIRE
Accession number :
edsair.od......2788..4f4835e19bdee7dc68157c6bf4ee9263