Во овој предговор е опишан растежот на списанието Дефектолошка теорија и практика во последните 18 години откако започна да се издава. Иако започна како локално и стручно, сепак успеа да се развие во интернационално и научно и да привлече голем број автори од преку 30 држави од светот. Моментно списанието е индексирано во 65 светски бази на податоци. Македонија претставува тешка периферија во светот на науката. Но, тоа не го спречува списанието од година во година да станува сè повидливо и позначајно во научните области кои го обработуваат полето на специјална едукација и рехабилитација. Во нашата држава постојат многу фактори кои го попречуваат патот за создавање на високо квалитетно научно списание. Истите се детално дискутирани во трудот. За да се достигне повисока релевантност на списанието, потребна е голема и беспрекорна посветеност на луѓето кои работат во издавачките канцеларии. Уредниците од малите списанија од регионот треба да си ги разменуваат сопствените искуства. Уредничките тимови на помалите списанија треба да собираат искуство од поголемите списанија. Тие треба да вложат повеќе напори во зголемување на видливоста на списанието на интернет, а тоа можат да го сторат преку споделување на трудовите на социјалните медиуми. Надлежното Министерство за образование и наука треба да одвои поголем процент од бруто домашниот производ за издавачка дејност за да може малите списанија да станат порелевантни во светот на науката. Се наметнува заклучокот дека малите списанија може да придонесат со релевантни научни информации во светот на науката. This editorial describes the growth of the Journal of Special Education and Rehabilitation in the last 18 years since it began to be published. Although it began as a local and specialized, it managed to develop into an international and scientific and to attract a large number of authors from over 30 countries around the world. Currently, the journal is indexed in 65 databases worldwide. Macedonia is a tough periphery in the world of science. But, this does not prevent the journal to become more visible and significant in scientific areas that the field of special education and rehabilitation covers. In our country there are many factors that hinder the way for the creation of high quality scientific journal. These are discussed in detail in the paper. To reach higher relevance of the journal, a great dedication of the people working in the publishing offices is necessary. The editors of small journals of the region need to exchange their experiences. The editorial teams of smaller journals have to gather experience from major journals. They need to put more effort into increasing the visibility of the journal online, and they can do this by sharing the labor of the social media. The competent Ministry of Education and Science should allocate a greater percentage of the gross domestic product for publishing as small journals could become more relevant in the world of science. The conclusion is that small journals may contribute in the world of science with relevant scientific information. [ABSTRACT FROM AUTHOR]