Heparin-induced thrombocytopenia (HIT) is a condition caused by antibodies against the platelet factor 4 (PF4)/heparin complex. This significantly increases the risk of bleeding and thrombosis in patients, which is essential in the postoperative period. In this study we examined the rate of seroconversion of anti-PF4/heparin antibodies in patients with rheumatoid arthritis (RA) and osteoarthritis (OA) after total knee or hip arthroplasty. The aims of the study were to assess the risk of HIT by evaluation of induction of anti-PF4/heparin antibodies in patients with RA and OA after total knee or hip arthroplasty, treated prophylactically with enoxaparine. Material and methods: We followed 36 patients aged 18 to 80 years, after total knee or hip arthroplasty, treated prophylactically with enoxaparine. Patients were divided in two groups: patients with RA and patients with OA. They were examined for occurrence of HIT. Blood was sampled twice, from a peripheral vein, for immunologic tests. The first time it was done before enoxaparine application and the second time postoperatively 10 days after surgery. We noted demographic data, anti-PF4/heparin antibodies, erythrocyte sedimentation rate (ESR), CRP, RF, antiCCP and anti-nuclear antibodies Hep2 (ANA). Results: There was no significant difference in the values of anti-PF4/heparin antibodies in patients with RA and OA preoperatively. The presence of anti-PF4/heparin antibodies was significantly lower in RA patients compared to OA (7.14% versus 27.27%, p=0.034). There was no significant association between levels of anti-PF4/heparin antibodies and ESR, CRP, RF, CCP, ANA. Conclusion: The results obtained showed a lower level of anti-PF4/heparin antibodies in patients with RA than in patients with OA. This shows that there may be a difference in the generation of this antibody in patients with RA compared to patients with OA, prophylactically treated with enoxaparine after total knee or hip arthroplasty., Хепарин-индуцираната тромбоцитопенија (ХИТ) е предизвикана од антитела кон тромбоцитниот фактор 4 (ТФ4)/хепарин комплексот. Таа значително го зголемува ризикот од крвавење и тромбоза кај пациентите, што е особено есенцијално во постоперативниот период. Во оваа студија ја проценуваме стапката на сероконверзија на анти-ТФ4/хепарин антителата кај пациенти со ревматоиден артритис и остеоартритис по имплантација на протеза на колк или колено лекувани профилактички со еноксапарин. Целта на истражувањето беш да се процени ризикот од хепарин-индуцирана тромбоцитопенија преку евалуација на индукцијата на анти-ТФ4/хепарин антителата кај пациенти со ревматоиден артритис и остеоартритис по имплантација на протеза на колена или колк, лекувани профилактички со еноксапарин. Материјал и методи: Беа испитани 36 пациенти, на возраст од 18 до 80 години, по имплантација на протеза на колк или колено, лекувани профилактички со еноксапарин. Пациентите беа поделени во две еднакви групи, односно пациенти со ревматоиден артритис (РА) и пациенти со остеоартритис (ОА). Пациентите беа следени за време на хоспитализацијата на Клиниката за ортопедски болести за појава на ХИТ. Во два наврата беше земена венска крв, од периферна вена, за имунолошки иследувања. Прв пат тоа беше направено пред почеток на лекување со еноксапарин, а втор пат постоперативно, 10 дена по оперативниот зафат. Беа нотирани демографски податоци, анти-ТФ4/хепарин антитела, седиментација на еритроцити (ESR), CRP, RF, CCP, ANA, појава на ХИТ. Резултати: Немаше сигнификантна разлика во вредностите на анти-ТФ4/хепарин кај пациентите со ОА и РА предоперативно. Стапката на анти-ТФ4/хепарин антитела кај пациентите со РА беше сигнификантно пониска од онаа кај пациентите со ОА (7,14% наспроти 27,27%, р=0,034). Немаше сигнификантна поврзаност на вредностите на анти-ТФ/4 антителото со вредностите на ESR, CRP, RF, CCP или ANA. Заклучок: Резултатите укажаа на намалена инциденција на анти-ТФ4/хепарин антитела кај пациентите со РА во споредба со оние со ОА. Ова укажува дека постои разлика во анти-ТФ4/хепарин имуниот одговор кај пациенти со РА наспроти оние со ОА, профилактички лекувани со еноксапарин, по ортопедски оперативен зафат за имплантација на протеза на колк или колено.